Прирачник за гледање во филџан

Понекогаш имате слободно време и сакате забавно да си го поминете, било во друштво или сами. Ви предлагаме да ја пуштите Вашата фантазија и да го свртите филџанот за кафе, а Паскалин ќе Ви помогне да ги откриете значењата на фигурите во неа. Со овој прирачник за гледање во филџан задоволството со Паскалин кафе ќе биде уште поголемо и подолго. Поимите на фигурите ќе бидат објаснети со различна почетна буква на фигурата.

Пред да започнете со гледањето во филџан, еве неколку општи правила:

• гледањето во филџан може да почне ако тој добро се исцедил;
• рачката од филџанот го означува оној кому му се гледа;
• сите фигури близу до рачката од филџанот се за оној кому му гледате, како и за неговиот дом;
• ако фигурите се свртени кон рачката, тоа значи дека настанот или ситуацијата се приближуваат;
• ако фигурите се поблиску до врвот од филџанот, значи дека брзо ќе се случат, колку повеќе одат кон дното, се подоцна;
• гледајте ја и големината на фигурите: колку се покрупни толку се и поважни од останатите фигури во непосредната близина;
• симболите толкувајте ги одозгора надолу и одлево
надесно;
• фигурите поврзувајте ги во целина, не гледајте ги поединечно;
• толкувањето треба да го сфатите како идеја и потстрек за Вашата фантазија која понатаму треба да работи сама.



Добра забава со
Паскалин кафе