

|
Pascalin Cafe
пржено мелено кафе, кое е мешавина од најквалитетните сорти
на кафе од различни региони на светот, со добра киселост, постојан контролиран
квалитет и пријатен вкус
Пакување: 100гр., 200гр., 500 гр.
|
|
|
|
Pascalin Cafe без кофеин
мешавина на печено мелено декофеизирано кафе со строго контролиран процент на кофеин од 0.054 - 0,064 % со најсовремена технологија
Пакување: 100гр.
|
Pascalin Cafe со арома на ВАНИЛА
пржено ароматизирано со Ванила мелено кафе, ново задоволство од кафе за посебни моменти, кој ги приближува старите пријатели до нови пријателства
Пакување: 100гр.
|
|
|
|
Pascalin Cafe со арома на ЧОКОЛАДО
пржено ароматизирано со Чоколадо мелено кафе, ново задоволство од кафе за посебни моменти, кој ги приближува старите пријатели до нови пријателства
Пакување: 100гр.
|
Pascalin Cafe со арома на Irish Cream
пржено ароматизирано со Irish Cream мелено кафе, ново задоволство од кафе за посебни моменти, кој ги приближува старите пријатели до нови пријателства
Пакување: 100гр.
|
|
|
|
Cafe Merak
печено мелено кафе со фантастична арома подготвено со најнова технологија, мешавина од најквалитетни типови и врста на кафе
Пакување: 100гр., 200гр., 500 гр.
|
Како да си подготвите добро Pascalin и Merak Cafe?
Крајниот успех зависи половина од изборот на кафето, а половина од начинот на подготвување. Повеќето од нас не обраќаат внимание на начинот на подготвување и затоа често од квалитетно кафе се приготвува лош напиток.
Сите видови на Pascalin и Merak Cafe се подготвуваат на ист начин. Во зовриена вода се става мелено кафе. Идеални услови за ова се:
- температура на водата - околу 90° C
- количество на мелено кафе за чаша од 30 милилитри - 6,5 грама
- едрината на мелење треба да е таква, да времето за подготвување (откога ќе се стави кафето во зовриената вода) треба да е помеѓу 25 и 20 секунди.
ко го подготвите своето кафе под овие услови, тогаш Ви се овозможува да пиете ароматизиран и тонизиран напиток со искличително пријатен вкус.
"Со стариот пријател до нови пријателства"
|
|
Cafe Espresso PASCUALE
јако еспресо, со фино избалансирани вкусови на горчливо и благо што ќе ги разбуди Вашите сетила. Најдобрите сорти кафе од Централна Америка и Источна Африка причинуваат задоволство што Ве освежува и инспирира.
Добро печени зрна кафе за уживање во шолја идеално PASCUALE еспресо.
Пакување: 1 кг.
|
|
|
Топло и ладно секогаш пријатно, уживајте во:
Медено PASCUALE:
Материјал: Espresso PASCUALE, мед, какао прав.
Подготовка: Во шолја за кафе ставете една лажичка какао, една лажичка мед и
мешајте се додека не се направи густ крем што заличува на чоколаден сируп.
Прелијте ја смесата со Espresso PASCUALE подготвен на вообичаениот начин и добро измешајте. Се сервира со шлаг или со пена од млеко.
Полноќно PASCUALE
Материјал: дупла доза Espresso PASCUALE, една топка сладолед од ванила, една
лажичка шекер, една чашка Tia Maria ликер, една чашка Bailey's Irish Cream ликер.
Подготовка: Во миксер ставете сладолед, шекер, мраз и пртходно подготвен Espresso PASCUALE. Мешајте се додека смесата не се изедначи. Потоа додадете ги ликерите и измешајте. Се сервира во шолја за кафе.
|
КАКО ДА ГО ПРОНАЈДЕШ СВОЕТО КАФЕ ?
Запознавање со типовите на кафе што постојат во светот
АРАБИКА
Бразилија
Рио Минас NY2/3 Scr17/18
Вкус прифатлив за луѓето од Северна Африка, Среден Исток и Источна Европа. |
Гватемала
SHB, WSD
Едно од најдобрите кафиња во светот, комплексно со пријатен вкус и пријатна киселивост. |
Етиопија
Harrar
Одлично, меко,неземенлив вкус, поцврсто, најблизок по вкус на Мока од Јемен. |
Колумбија
Excelso
Меко и лесно кисело, едно од најкористените кафиња во свет. |
Мексико
SHF
Добра киселивост, средно цврсто, мек вкус. |
Индија
Plantation A WSD
Добар квалитет, неутрален вкус. |
Колумбија
Supremo
По големи зрна (Scr17up), сладко, со специфичен вкус и мала цврстина на зрната. |
Бразилија
Santos Parana NY2/3 Scr17/18
Неутрален вкус, многу добро се меша со кафето од типот "Робуста". |
Етиопија
Dijmah
Специфичен вкус, погодно за
декофеинизација. |
Кенија
PB, PA
Многу вкусно и деликатно, особено е препорачливо за сите кои сакаат кисел вкус.
|
Мексико
Maragogupe
Едно од најдобрите и најатрактивните
кафиња во светот, непостојан
квалитет. |
Коста Рика
GHB, SHB
Комплексно, вкусно кафе со пријатна киселивост, добра цврстина, многу популарно во Франција. |
Никарагва
SHF, HF
Вкусно кафе, пријатна киселивост, непостојан квалитет, најпопуларно во Северна Америка и Холандија. |
|
РОБУСТА
Камерун
18/20 Standard
Висока цврстина, типичен за африканската робуста арома, многу популарно кај луѓето од француско говорно подрачје, погодно за мешање со помеки врсти на "робуста" кафе. |
Мадагаскар
Gradel Scr18/20, Gradel Scr16/18
Исчистен вкус, добро се пече, особено треба да се внимава при ускладиштување за да не прими други ароми. |
Конго
HTM/N/INF, HTC/M
Неутрален вкус, добра коинсистенција,
добро се меша со "арабика" од сите
реони. |
Индија
Cherry AB, Cherry PB
Добро, неутрално кафе, неверојатно висока цврстина. |
Брегот на слоновата коска
GRI
Непостојан квалитет, добра
цврстина, специфичен вкус. |
Индонезија
Нема единечна класификација.
Според стариот стандард за квалитет ЕК (Erste Kwalitet), ELB (Extra Large Bins). Нема добра репутација за својот квалитет, понекогаш е со ферментирани зрна кои што го расипуваат вкусот, висока цврстина, страндатдно, ефтино кафе. |
Триесет и една буква од азбуката се доволно за да се создаде незаборавна поема. Седум музички ноти се доволно за се создадат хитовите на светската музика.
Досега се откриени повеќе од 1000 вида активно молекули, кои влијаат на вкусот на човекот при пиењето на кафето. Секоја од нив дава сигнал, којшто во комбинација со останатите дава чувство за нешто ново и различно.
За да се почувствува тоа богатсво од чувства и да ги задоволи различите вкусови, фирмата "Паскалин компани" Ви ги претставува своите производи на печено кафе. Умешноста од комбинирање на повеќе типови и врсти на кафе од различни региони на светот, ќе ви овозможи сами да ја одредите аромата и вкусот кој што најмногу Ви се допаѓа.
Зошто е неопходно да се мешаат различни по квалитет видови на кафе, кога природата ни дава толку богат избор? Зошто нема кафе од една врста или тип, од кој може да се создаде кафе со балансиран вкус, арома и пријатност.
Еве некои правила, кои е добро да се запазат при составувањето на Вашата лична смеса:
- многу често добри резултати се добиваат мешање на кафиња од различни географски региони (Јужна и Централна Америка, Африка, Југоисточна Азија);
- кафето од типот "Арабика" е со повисок квалитет, со богата арома, пријатен вкус и тонизирана киселост;
- кафето од типот "Робуста" е со сиромашна арома, но имаат подобра платност, се погорчливи и содржат повеќе кофеин;
- многу темно испеченото "црно" кафе има привкус на јаглен, поради карбонизација на шекерот;
- посјајните и помазните по вид кафеави зрна ароматни масла се наоѓаат на површината и побргу ќе испарат, отколку да паднат во Вашата чаша;
- ситните зрна не се понеквалитетни од крупните, важни се природните услови при кои е одгледана сортата кафе;
- чувајте го кафето, особено меленото, во добро затворени садови.
|
|
|