|
Кратка историја на кафето
Кафето за прв пат е пронајдено во Северна Африка во областа која денес ни е позната како Етиопија. Една интересна легенда зборува за едно момче со име Калди, инаку чувар на кози, кој забелезал дека козите се однесуваат невообичаено живо откако изеле капинки од околните жбунови. Заинтересиран за овој феномен, Калди и самиот ги пробал капинките. Забележал дека овие капинки му дале зголемена енергија.
Веста за ова овошје со невообичаено енергетско дејство се раширила низ целиот регион.

Монасите кои слушнале за ова интересно овошје, ги исушиле капинките за да можат да ги пренесат до оддалечените манастири. Тие ги ставиле овошките во вода, после што ги изеле, а течноста ја испиле за да се стимулираат да останат подолго будни за молење.
Кафе плодовите биле транспортирани од Етиопија на Арабискиот полуостров, и за прв пат биле обработени во областа која денес е позната како Јемен. Оттаму, кафето патувало до Турција, каде зрното кафе било за прв пат печено на жив оган. Печените парчиња биле здробени и потоа сварени во вода, содзавајќи груба верзија на пијалокот што денес сите го уживаме. Плодовите од кафе за прв пат стигнаа во Европа со помош на трговци од Венеција. Откако се најде во Европа, овој пијалок наиде на остри критика од Католичката црква. Многумина мислеа дека папата треба да го забрани кафето, именувајќи го како пијалок на ѓаволот. За нивно изненадување, папата, веќе конзумер на кафето, го благослнови кафето како вистински христијански пијалок. Местата каде се пиело кафето набрзина се прошириле насекаде низ Европа станувајќи центри за интелектуална размена. Многу европски умови го користеа овој пијалок како катализар за креативност.
Во 1700-стотите кафето го најде својот пат кон американците со помош на еден Француски капетан кој го пренесе растението патувајќи долго преку Атлантикот. Ова растение, транспортирано до Карибиските Острови на Мартиник, стана предвесник на над 19 милиони дрвца на островот во следните 50 години. Од неговиот скромен почеток до денес растението кафе го пронајде својот пат во остатокот на тропските региони на Јужна и Централна Америка. Кафето беше декларирано како национален пијалок на тогаш колонизираните Соединети Држави од страна на Континенталниот Конгрес, како протест против зголемените такси на чајот воведени од страна на Британската Круна. Espresso, најновата иновација во начинот на подготовка на кафето потекнува од 1822 година, со иновацијата на првата примитивна еспрессо машина во Франција. Италијанците ја перфекционираа оваа прекрасна машина и беа првите кои почнаа и да ја произведуваат. Еспрессо стана составен дел на италијанскиот начин на жувот и култура што може да се види од преку 200,000 еспрессо барови во Италија.
Денес, индуструјата на кафе вработува повеќе од 20 милиони лиѓе, што пратставува втора индустрија по нафтената во поглед на обртот на пари низ светот. Со повеќе од 400 милијарди шољи кафе секоја година, кафето стана најпопуларниот пијалок во светот. Замислете, само во Бразил, повеќе од 5 милиони пуѓе се вработени во процесот на култивација и жетва на повеќе од 3 милиони плантажи на кафе.
|