|
Трговско друштво за производство, внатрешна и надворешна трговија "ПАСКАЛИН КОМПАНИ" д.о.о. Гевгелија, ул."Борис Кидрич" б.б. Приватно претпријатие во мешовита сопственост на домашен и странски капитал. Основна дејност на "Паскалин компани" е увоз на сурово кафе, производство и извоз на сурогати на кафе. Производната преокупација од оснивањето до денес на претпријатието е преработка на сурово кафе (пржење, мелење и пакување), а главен производ е "Паскалин кафе".
Увозот на суровото кафе, "Паскалин компани" го врши преку меѓународната компанија "Success International ", каде е еден од акционерите, директно од земјите производители на сурово кафе.
Секоја сорта на сурово кафе се увезува од различни региони и тоа:
- Арабика од Колумбија, Кенија и Танзанија;
- Сантос од Мексико и Бразил;
- Робуста од Кенија, Заир и Индонезија
Кафето Арабика што се произведено во Колумбија е со највисок квалитет ,вкус и арома и е најскапо. Процесот на производство на колумбииското кафе Арабика е специфичен и се одвива на следниот начин:
- зрната се спремни за берба кога имаат црвена боја;
- се стааваат во студена планинска вода 24 часа со што започнува ферментацијата која е многу важна за аромата на кафето;
- потоа се ставаат во долги бетонски канали каде се сушат и добиваат зелена боја и се врши селекција каде лошите зрна се тргаат на страна.
Вака произведеното кафе уште се вика и сушено колумбииско кафе со богат вкус и арома. Целото производство на кафе во Колумбија е со високо државен контролиран стандард. Контролата почнува уште од фармите каде Националната Федерација кај кафе-одгледувачите испраќа официјални инспектори за контрола на санитарните услови за работа и контрола на запазувањето на процедурата за производство.
Меѓународната компанија "Success International" има производство и трговија со сурово и пржено/пакувано кафе во целиот Балкански регион и пошироко. Сопствено производство на кафе има во земјите Бугарија (Сантос ), Албанија (Паскалин), Македонија (Паскалин), Грција (Паскалин) и Југославија (Бамби паскалин). Претпријатието има изградено сопствена дистрибутивна мрежа во 25 дистрибутивни центри во Македонија, со стабилна месечна потрошувачка на кафе, со стандарден маркетиншки настап, а пазарните движења се во насока на обезбедување на зголемено производство на кафе од веќе познатиот квалитет.
Постојаната дистрибутивна мрежа се користи и за трговија со други прехранбени производи од повеќе реномирани производители на кондиторската индустрија на Р.Грција. Претпријатието "ПАСКАЛИН КОМПАНИ" е основано при крајот на 1996 година, поради што во текот на 1997 година карактеристични беа основните вложувања во постојани основни средства. Потребите од организирање на квалитетно производство и дистрибутивна мрежа, со значителни трошоци за реклама и пропаганда во значителна мерка ги зголемија трошоците во деловната 1997 година. Во првото полугодие од 1998 година, нагорната линија на потрошувачката на главниот производ на "Паскалин компани" ја зголеми вкупната продукција и ги намали производните и другите зависни трошоци.
Развојната ориентација на "Паскалин компани" е во врска со постојната состојба на планот на производството и пласманот на главниот производ, деловните предвидувања и анализа на микро и макро факторите во производната ориентација по обем и квалитет.
- зголемување на преработката на сурово кафе, а во врска со тоа склучување на долгорочни договори за набавка на сурово кафе од директно од земјите производители;
- намалување на трошоците на производство и постигнување на пониска продажна цена;
- модернизација на производниот процес со инвестирање во нови машини за пржење и мелење на сурово кафе;
- проширување на асортиманот на пакувано кафе според анализата на потрошувачките вкусови;
Анализите на микро и макро движењата, маркетиншките истражувања на домашниот и странскиот пазар, анализата на искористеноста на капацитетите, особено за пакување и дистрибутивната мрежа послужи на деловниот менаџмент на "Паскалин компани" да донесе одлука за нови инвестициони вложувања во сферата на производството на зачини и други додатоци, како и пакување на ситнозрнасти и прашкасти производи.
Деловната одлука е поткрепена, покрај од наведените и од следните аспекти:
- подрачјето располага со со квалитетни суровини за производство на зачини, чие производство може да биде организирано и од самото претпријатие;
- "Паскалин компани" има развиено квалитетни деловни врски со Р.Грција, благодарение на интересот на странскиот влог во претпријатието, каде и што се проучени можностите за пласман на готовите производи;
- зголемените потреби на потрошувачите од најразновидни по квалитет и обем пакувања;
- обезбедена финансииска конструкција на идните инвестициони вложувања со реинвестирање на добивката;
Во развојниот план е затварање на производниот циклус со нови производства кое во еден сегмент ќе бидат комплетирани со постојниот план за инвестициони вложувања, односно инвестирање во производни капацитети со структура која одговара со современите барања на потрошувачите во земјата и во странство.
ПАСКАЛИН КОМПАНИ
|